Полеан со бензин и запален автомобил на јавна обвинителка од Прилеп

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Како што информираат од Обвинителство, според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот