Погледнете го трејлерот за втората сезона на хит-серијата од Дизни „The Mandalorian“ (ВИДЕО)

Стриминг сервисот Дизни Плус го претстави трејлерот за втората сезона на серијата „The Mandalorian“.

Екипата на серијата предводена од Џон Фавро успеа да ги сними сите сцени од втора сезона пред почетокот на пандемијата, а монтажниот тим работеше од дома, со цел навреме да ни ја достави втората сезона од оваа многу популарна серија.

Премиерата е најавена за 30 октомври, а што може да очекувате во втората сезона можете да видите во првиот трејлер:

 

Да потсетиме, хит серијата на Дизни од универзумот „Star Wars“, „The Mandalorian“, следи „осамен револвер“ во авантура чиј заговор е поставен по падот на Империјата и пред подемот на Првиот поредок.

Во серијата играат Педро Паскал, Џина Карано, Карл Витерс и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот