Поетското творештво на Џоан Маргарит е заокружено во збирката „Чудесна зима“

Последната поетска збирка на еден од најголемите современи шпански и европски поети на дваесеттиот век, Џоан Маргарит, со наслов „Чудесна зима“ е објавена во издание на „Артконект“.

Во збирката авторот прави заокружување на своето творештво, навраќајќи се на теми и мотиви кои се доминантни во неговата поезија уште од неговите први песни објавени пред четириесетина години.

– Најголемата грешка што може да ја стори еден поет е да мисли дека може да напише песна само поради тоа што ја нашол само убавината или само вистината, мислејќи дека зад едната неизбежно може да ја најде другата. Инспирацијата е токму тој редок и тежок чин кој се состои од локализирање место каде што ќе биде доволно веројатно дека може заедно и неразделно да постојат и вистината и убавината. Вистината и убавината заедно. Но тие не се секогаш заедно. А кога тоа ќе се случи, тогаш тоа е силно поврзано со љубовта – напишал Џоан Маргарит во поговорот на книгата.

На македонски јазик книгата „Чудесна зима“ е објавена како дел од новиот проект на издавачката куќа „Артконект“ со наслов „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Препевот од каталонски јазик е на Нашата Сарџоска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 118, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 26-27 февруари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот