Поетски рецитали на Јане Теохаревски се дел од Темишвар 2023 – Европска престолнина на културата

Фрагмент од постерот за настанот

Aкционизмот „Без омраза и без граници“ повикува на распознавање на феноменот на омразата, како една реалност на денешнината. Една од вредностите на светлината како метафора („Осветли го градот преку тебе“, слоганот на Темишвар 2023 – Европска престолнина на културата), се однесува и на енергијата и креативната сила испратена од овој годинешен европски град на културата кон сиот свет, во овој случај со надеж за анулирање на омразата и со надеж за една ренесанса, преку хуманост и култура.

Во темишварската населба „Калеа Шагулуи“, токму на улицата „Александру Мачедонски“, пристигнува реинкарнираниот романски поет Александру Мачедонски (1866-1920), татко на романскиот симболизам кој, на повеќе јазици (романски, македонски, руски, украински, англиски, бугарски, грчки, албански, унгарски итн.), чита една од неговите песни „Омраза“, но и „Мојот рондел“, каде се извинува за чувствата за силната омраза која ја чувствувал порано. Рецитира, на присутните жители и минувачи им ги поделува спомнатите поезии и со нив споделува лични искуства и мислења за омразата, воопшто.

Во улога на Мачедонски во рамките на програмата Темишвар 2023 – Европска престолнина на културата се појавува Јане Теохаревски, историчар на уметноста и автор на проектот. Настанот ќе се одржи кон крајот на месец мај, а е поддржан од Фондацијата „Заев“ и Стопанската и индустриска комора на Прахова, Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот