Поетесата Наташа Сарџоска ќе настапи на „Поетски портрети“ во Рим

Наташа Сарџоска

Македонската поетеса, писателка, преведувач и антрополог, Наташа Сарџоска, по објавата на поетската книга „Живо месо“, поетски избор на шпански јазик во авто-превод, во Мексико за издавачката куќа „Охеда“, на 14 април ќе гостува во Рим, на големиот поетски фестивал „Поетски портрети“.

Поетесата Сарџоска ќе настапи со песни објавени во италијанското издание на поетската книга „Крстна коска“ кај издавачот „Интерно Поезија“, а своите песни ќе ги чита на македонски јазик.

Поетската манифестација се одржува во големиот „Аудиториум Кончилијационе“ во близина на Базиликата Свети Петар, а ќе биде во целост покриен од италијанската радио-телевизија „РАИ Култура“ и е под покровителство на „Фондационе Рома“.

Сарџоска е прва македонска поетеса поканета на овој свечен меѓународен поетски фестивал, кој оваа година се одржува по шеснаесетти пат и на кој ќе учествуваат поети од Италија, Шпанија, САД, Кина, Аргентина, Иран, Велика Британија, Шведска, Естонија и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот