Претседателот на Јужна Кореја на средба со лидерот на опозицијата по поразот на парламентарните избори

Јужнокорејскиот претседател се сретна со лидерот на опозицијата/Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул денеска разговараше со лидерот на опозициската Демократска партија, Ли Јае-мјунг, за соработката, откако Конзервативната партија на претседателот неодамна претрпе тежок пораз на парламентарните избори.

Тоа е нивна прва заедничка средба од 2022 година, кога Јун тесно го победи Ли.

Официјални лица од кабинетот на претседателот и претставници на левичарската Демократска партија претходно изјавија дека средбата ќе се фокусира на тоа како да се подобри животниот стандард и да се унапреди соработката во државните работи.

Јун го предложи состанокот бидејќи се соочува со голем број повици за соработка со Демократската партија, чија победа на парламентарните избори на 10 април и овозможи контрола на Националното собрание до истекот на петгодишниот мандат во јули во 2027 година.

Тој, исто така, се очекува да разговара за прекин на повеќенеделниот штрајк на илјадници лекари, кои се осомничени за одложување операции, медицински третмани и други здравствени услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот