Поднесено обвинение за шверцерите на еден тон кокаин

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Пазарната вредност на дрогата се проценува на неколку десетици милиони евра.

Португалското обвинителство поднесе обвинение против четворица мажи, вклучително и државјани на Србија, Црна Гора и Велика Британија, обвинувајќи ги дека се дел од меѓународна група која се обидела да пренесе еден тон кокаин.

Пазарната вредност на дрогата се проценува на неколку десетици милиони евра.

Дел од дрогата е пронајден на бродот, пред да биде внесена во двојното дно и подготвена за понатамошен транспорт, а остатокот е пронајден во луксузна вила.

Истражителите заклучиле дека дрогата требало да се пренесе со едрилица од Португалија во други европски земји. Групата ја купила дрогата од Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот