Подиуми за македонските сноубордери Саздовски и Петровски на ФИС АБЦ Купот на Копаоник

фото: Скијачка федерација на Македонија

Снежните патеки на Копаоник беа домаќини на FIS ABC Cup, на кој учество имаа голем број на натпреварувачи од регионот.

Македонските сноубордери Слободан Саздовски и Марко Петровски забележеаа одлични резултати.

Во дисциплината „Биг Ер“ Саздовски (во категорија до 14 години) го освои второто место и дојде до 39.00 ФИС точки. На третата позиција се најде Петровски (29.90 ФИС), а на првото место се најде Југ Пешиќ од Србија.

Во дисциплината „Слопстајл“ Петровски беше третопласиран (30.90 ФИС), зад српските претставници Владистав Стефан Еделман и Југ Пешиќ.

Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Скијачката федерација на Македонија упатува честитки до Саздовски и Петровски и нивниот тренер Бојан Андонов за постигнатите успеси. Федерацијата и ФИС продолжуваат со поддршка на сите зимски спортови со цел подобрување на перформансите на македонските натпреварувачи и постигнување на забележителни резултати на интернационалната сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот