Подготвена за нова љубов – Сузан Сарандон: Кај идниот партнер не ми е битен пол, ниту раса, само да е вакциниран против ковид-19

Фото: Инстаграм

Актерската дива, која има 74 години, изјави дека е подготвена за нова врска, но со некој што има авантуристички дух. Таа гостуваше на еден поткаст за списанието „Пипл“ и зборуваше за љубовта и за врските. Кога ја прашаа дали бара нов партнер, ѕвездата од „Телма и Луиз“ изјави дека има една специјално барање, кое мора да го исполни партнерот – вакцина против ковид-19.

– Некој што е вакциниран против коронавирус. Не ме интересира дали е маж или жена. Отворена сум за сите возрасти и боја на кожа. Тоа за мене се небитни ситници – рече таа и додаде – но заинтересирана сум за некој со авантуристички дух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon)


Секако актерката не бара некој со кого би започнала семејство, бидејќи веќе има четири возрасни деца. Со режисерот Франко Амури ја има 35-годишната ќерка Ева, а со актерот Тим Робинс ги има синовите Џек Хенри (31) и Мајлс (28).

Сарандон се надева дека ќе најде некој што е задоволен и пасиониран за работата со која се занимава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Sarandon (@susansarandon)


– Може да биде учител, писател, успешен или неуспешен. Некој што се познава доволно себеси и нема да биде исплашен од тоа што луѓето ме запираат на улица и ми велат „Ох, Боже, те сакам“ – вели и додава дека сепак во моментов ужива во самечкиот живот.

– Уживам што сум сама дома. Отворена сум за можноста да најдам партнер, но знаете, треба да биде некој навистина посебен, со кој нема да имам проблем да го споделам моето шкафче со лекови. Мислам дека тие денови се минато – завршува Сарандон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот