Подготовки во Тресонче за меморијалот Дичо Зограф

Селото Тресонче овој месец ќе одбележи 200 години од раѓањето на Дичо Зографот.

Подготовките за меморијалот што ќе се одржи на 31 август и 1 септември, се во тек. Дел се одвиваат во дворот на црквата „Св. Петар и Павле”, а дел кај камбанаријата. Направена е и спомен-чешмата. Се уредува и специјалната одаја посветена на Дичо Зограф, објавија огранизаторите.

Димитар Крстев познат како Дичо Зографот е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19 век. И припаѓал на т.н. дебарска школа. Роден е 1819 година во маалото Лековци во Тресонче. Во неговиот краток живот насликал повеќе од 2.000 икони за правоверските цркви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот