Поддршка за Ѓоковиќ од две тениски легенди: Срамота е тоа што му го прават на Новак

Матс Виландер, шведската тениска легенда, сега консултант на „Еуроспорт“/ фото: EPA-EFE/ATIENZA

Поранешниот грен слем шампион, Матс Виландер како и поранешниот директор на Австралија Опен и поранешен тенисер, Пол Мекнами, му дадоа поддршка на Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн откако австралиската влада му ја укина визата.

Ѓоковиќ сè уште има шанси да остане во Мелбурн и да ја брани титулата на Австралија Опен, но за тоа е потребно во понеделник зелено светло да даде федералниот суд.

Мекнами застана на страната на Ѓоковиќ, ја критикуваше одлуката на австралиската влада, а како знак на поддшка тој го посети и хотелот за мигранти Парк во кој е сместен српскиот тенисер.

„Сега таму е задржана и чешката тенисерка Рената Ворачова, како и Новак. Тоа е премногу. Тоа влијаеше на мене да ги посетам австралиските Срби кои демонстрираат пред хотелот Парк и да им дадам подарок за Божик. Згрозен сум што во такви услови држат мигранти. Се срамам“, напиша Мекмани на Твитер.

Хаосот кој настана по доаѓањето на Ѓоковиќ во Мелбурн и неговото задржување во хотелот Парк како и одбивањето да му се даде виза за настап на Австралија Опен, го прокоментира и Виландер.

– Не е убаво тоа што се случува и сигурно дека е несреќно се што гледаме. Сепак, мислам дека се потребни повеќе информации за да знаеме што точно се случило. Би сакал да знам што е медицинско изземање на кое се повика Новак. Ние сме заложници на пандемијата која ги менува правилата, но доколку нешто е ветено, тогаш тоа не е исполнето. Во овој момент, не е јасно каде сè отиде во крив правец. Што се однесува до Новак, тој е подготвен да настап. Психички исто така не би имал проблеми. Јас не би сакал да бидам на местото на тие кои го лутат бидејќи тој е најдобар кога ќе се налути. Доколку го пуштат да игра на турнирот, мислам дека нема да има конкуренција, тоа сите го знаат. Има шанси дека ќе игра, но тие се мали бидејќи политичарите не сакаат да испаднат слаби пред својот народ кој е револтиран. Се ближат изборите во Австралија и не сум сигурен дека можат да се коцкаат со нов пресврт на настаните – изјави Виландер за Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот