Почнува новата сезона во Евролигата – Црвена звезда го чека Асвел, Партизан игра во Тел Авив

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Денеска ќе стартува новата натпреварувачка сезона 2023/2024 во кошаркарската Евролига, а титулата ја брани екипата на Реал Мадрид. Оваа сезона ќе настапат и најголемите српски гиганти, белградските ривали Партизан и Црвена звезда. Од 19.00 часот на домашен терен Црвена звезда ќе го пречека Асвел, а нешто подоцна Партизан ќе му гостува на Макаби во Тел Авив.

Големо внимание се очекува да привлече и секако и грчкото дерби кои ќе се игра в петок помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, додека Реал Мадрид за противник во првото коло ја има Басконија.

Евролигата од оваа сезона воведе плеј-ин турнир. Досега во четвртфиналето се пласираа екипите од првото до осмото место на табелата, а сега седмото и осмото место ќе одиграат по еден натпревар и победникот директно оди во плеј-офот.

Поразениот тим од тој дуел три дена подоцна ќе игра против победникот од дуелот меѓу екипите кои во регуларниот дел го зазедоа деветото и 10 место на табелата. Домаќини на секој натпревар во плеј-ин ќе бидат екипите кои беа подобро пласирани на табелата во регуларниот дел.

Регуларната сезона во Евролигата ќе трае до 12 април 2024 година. Плеј-ин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, плеј-офот ќе започне на 23 април, а ќе заврши најдоцна на 8 мај. Фајнл-форот на Евролигата ќе се одржи од 23 до 26 мај во Берлин, Германија.

Евролига 2023/2024

Прво коло, двојки –

Денеска

19.00 часот Црвена звезда – Асвел Лион Вилербан
20.05 часот Макаби Тел Авив – Партизан
20.30 часот Барселона – Анадолу Ефес
20.30 часот Баерн – Алба Берлин
20.30 часот Виртус Болоња – Жалгирис Каунас

Петок

19.45 часот Фенербахче – Олимпиа Милано
20.15 часот Панатинаикос – Олимпијакос
20.30 часот Баскониа – Реал Мадрид
20.30 часот Валенсија – Монако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот