Почнат увидот за утврдување на причините за пожарот во Тетово

ПОЖАР ВО ТЕТОВО
Пожар во Тетово / Фото: Ферхан Мазлами

Денеска од 10 часот е започнат увидот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак” каде во понеделникот избувна пожар што предизвика голема материјална штета. Во пожарот беа повредени околу петнаесет пожарникари кои десетина часа се бореа за локализирање и ставање под контрола на огнената стихија.

-Дадени се наредби на експерти од повеќе области при Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР да почнат со утврдувањето од каде и како започнал пожарот.  Присутни се експерти за хемиски анализи, од противпожарна област и слично, како и претставници на електродистрибутивната компанија и МВР, брифираа денеска од Обвинителството.

Околу пожарот, утре состанок треба да одржи и Општинскиот кризен штаб, информираше градоначалникот Биљал Касами.

поред информациите што ги имам од Кризниот штаб после гасењето на пожарот 24 часа требало противпожарната единица и полицијата да го обезбедат местото и во тоа време да излезе Обвинителството за утврдување на причините. Немам информации дали е направен увидот и кои се првичните информации. Утре имаме седница на Општинскиот кризен штаб на која ќе се информираме за сите овие работи, изјави  Касами.

Општинскиот кризен штаб по првата седница побара проверка на мерењето на квалитетот на воздухот од Владата, како и други мерки за справување со последиците од пожарот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот