Почнаа градежните активности за покривање на најголемиот отворен канал во Струмица

Санирање на патишта / Фото: Архива на Слободен печат

Во наредните осум месеци најголемиот отворен канал во Струмица-Поројот „Крушевска Република”, ќе биде целосно реконструиран и покриен, а просторот над него ќе биде урбан и хориткултурен урбан простор.

Ова беше соопштено на почетокот на градежните активности, кои во првата фаза опфаќаат реконструкција на каналот од улицата „Брегалница” до улицата „Маршал Тито” во должина од три километри.

-Проектот подразбира реконструкција на истрошените делови, промена на самиот пресек на поројот, проширување на двете паралелни сообраќајници и покривање на истиот, хортикултурно уредување, осветлување и сметам дека овој комплексен проект значително ќе го промени изгледот на овој дел од градот и општо на целата Општина. Ќе претставува еден украс на нашиот град, а воедно ќе биде и заштитен од несакани појави, како што се загадување и фрлање отпадоци во него. Мислам дека ова ќе биде проект со којшто ќе се гордееме во иднина, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

За реализација на овој зафат Општината ќе потроши 35,5 милиони денари, обезбедени од буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот