Студенти / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почна Саемот за вработување 2021 отворен до 19 ноември

Започна седумнаесетото и воедно и второто виртуелно издание на Job Fair, саем за кариера и вработување на студенти, организирано од страна на Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје.  Ема Георгиева, студентка на ФИНКИ, денеска во Утрински брифинг ги повика студентите да ја искористат можноста и да воспостават контакт со компаниите кои нудат можност за практична настава и вработување.

– Саемот ќе се одржува до 19.11.2021 и на истиот можат да учествуваат сите млади кои сакаат да напредуваат во својата кариера, истиот ќе биде составен од Networking настани и Вебинари. Начинот на пристап е преку линковите поставени на нашите социјални медиуми или со оставање на мејл и потоа на тој мејл ќе пристигне линк до Networking настаните и Вебинарите. Networking настаните се наменети за запознавање на студентите со компаниите, праксите кои ги нудат, обврските кои студентите ќе ги имаат преку Q&As, споделување на Success Stories од страна на вработените, објаснува Георгиева.

Вебинарите се во формат на онлајн работилници, case studies, предавања и слично каде студентите може подетално да се запознаат со тема од областа на работа на компанијата.

– Job Fair дополнително им нуди можност на студентите да го прикачат сопственото CV на Job Fair страната од каде компаниите ќе ги контактираат нив за пракса или работа, но важно е да се знае дека можноста за оставање на CV е преку цела година не само додека трае формалниот дел од настанот. Овогодинешниот саем за вработување е најголем досега. Пријавени се 41 компанија, заинтересирана за вработување на студентите, вели Георгиева.

Таа додава дека фирмите не се водат од просекот на студентите при нивниот ангажман, и најчесто не бараат кандидатите да имаат  работно искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот