Почна исплатата на социјална помош

– Денеска ќе им бидат префрлени средства на корисниците со картички, останатите од понеделник ќе може средствата да ги подигнат на шалтерите на банките, соопшти МТСП.

За корисниците со дебитна картичка од денеска ќе почне исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни, а од понеделник за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од МСТП нагласуваат дека и овој месец ќе се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра потсетуваат од ресорното министерство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот