Почина рускиот моден дизајнер Валентин Јудашкин на 59 години

Фото: Anton Novoderezhkin/ TASS/ Profimedia

Рускиот моден дизајнер Валентин Јудашкин почина на 59-годишна возраст по долга борба со ракот.

Јудашкин е познат по тоа што во 1991 година ја воодушеви Париската модна недела со неговата колекција Фаберже и беше стилист на поранешната прва дама, Раиса Горбачов. Јудашкин основаше своја модна куќа во 1990-тите, а исто така е познат по дизајнирањето на спортската опрема на рускиот тим за Олимписките игри во 1994 и 1996 година и дресовите на националниот фудбалски тим во 1999 година. Тој стана првиот руски дизајнер кој се приклучи на Француската федерација за висока мода и редовно се појавуваше на ревиите во Париз во текот на три децении.

На Јудашкин му беше дијагностициран рак на бубрегот во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот