Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/KAREL PRINSLOO

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора и војводата од Единбург, принцот Филип, почина на 99-годишна возраст.

На 16 март тој бил отпуштен од болницата по неговиот подолг престој поради проблеми со срцето. Веста за смртта ја потврдија и од Бакингамската палата.

„Со длабоко жалење, нејзиното височество кралица соопштува дека нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, почина мирно утрово во замокот Виндзор“, објави Бакингамската палата, без да ги наведе причините за смртта.

Принцот Филип, кој во јуни требаше да наполни 100 години, во изминатиот период се лекуваше во лондонски болници поради проблеми со срцето.

Во ноември минатата година, Елизабета и Филип одбележаа 73 години брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот