Боби Стојковиќ / Фото: Фејсбук / Бобан Стефковски

Почина познатиот скопски угостител Боби Стојковиќ

Со длабока тага Автокоманда и цела Гази Баба денеска се простуваат од својот сограѓанин Боби Ле Петит (Стојковиќ). Веста за неговата смрт одекна болно во локалната заедница.

Со емотивна порака на социјалните мрежи од Стојковиќ, кој повеќе од 25 години беше сопственик на кафе-барот „Ле Петит“ во Автокоманда, се прости градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Си замина Боби Ле Петит… Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор“, напиша Стефковски.

Градоначалникот упати сочувство до семејството Стојковиќ, нагласувајќи дека ова е загуба за целата населба.

„Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ за кои нема зборови за утеха. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби! Збогум пријателе“, стои во прошталната порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот