youtube/printscreen
youtube/printscreen

Почина познатата српска новинарка Гордана Суша

Познатата српска новинарка Гордана Суша почина во вторникот по долго и тешко боледување на 75-годишна возраст.

Гордана Суша е родена во 1946 година во Белград. Дел од детството поминала во Загреб, Хрватска, a во Белград завршила гимназија.

По дипломирањето на Факултетот за политички науки, со новинарство се занимавала од 1970 година. Суша работела во Радио Белград, Телевизија Белград, Јутел, продукција на ВИН, работни места од репортери до уредници, пренесуваат медиумите.

Суша пишуваше за „Наша борба“, „Ослобоѓење“, „Независне“, „Блиц“… Таа беше избрана за претседател на Независното здружение на новинари на Србија во 1999 година. Суша исто така беше член на Советот на РЕМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот