Почина поранешниот министер на САД Картер, кој овозможи жени и трансродови лица да служат во армијата

Фото: EPA/SHAWN THEW

Поранешниот американски министер за одбрана Ештон Картер, познат по тоа што им даде право на жените да служат во американската војска и ја укина забраната за трансродовите лица, почина на 69-годишна возраст.

Картер, секретар во последните две години од администрацијата на претседателот Барак Обама (2015-2017), почина синоќа по срцев удар, соопшти Универзитетот Харвард, каде претходните години работеше поранешниот шеф на Пентагон.

Во декември 2015 година, по три години проучување и дебата, Картер и нареди на војската да ги отвори сите работни места за жените, отстранувајќи ја последната бариера за учество на жените во борбите, вклучувајќи ги и најопасните позиции.

Следната година, Картер одобри укинување на забраната за трансродовите лица да служат во американската војска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот