Фото: Foreign, Commonwealth & Development Office / Facebook

Почина Палмерстон, поранешниот „главен ловец на глувци“ во Министерството за надворешни работи на Велика Британија

Палмерстон, поранешниот „главен ловец на глувци“ во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, почина на Бермудите. Мачорот, посвоен од засолништето за напуштени животни, беше „пензиониран“ во 2020 година, по четири години служба, пишува Би-би-си.

Во февруари 2025 година, неговиот профил на социјалните мрежи објави дека Палмерстон се вратил од пензија за нова дипломатска мисија во странство, оддалечена илјадници километри, како „советник за односи со мачки на новиот гувернер на Бермудите“.

Фото: Foreign, Commonwealth & Development Office / Facebook

На социјалната мрежа Икс беше објавено дека овој „исклучителен мачкин дипломат“ починал мирно на 12 февруари.

– Палми беше посебен член на тимот на гувернерот на Бермудите и многу сакан член на семејството. Тој беше прекрасен пријател, со нежна природа и многу ќе ни недостига –  се вели во објавата.

Фото: Foreign, Commonwealth & Development Office / Facebook

Црно-белиот мачор, именуван по виконт Палмерстон, премиер и министер за надворешни работи од 19 век, се приклучи на дипломатската служба во 2016 година.

Се исели од централната зграда на Министерството за надворешни работи во Лондон за време на пандемијата на ковид, а потоа официјално се пензионираше во 2020 година.

Фото: Foreign, Commonwealth & Development Office / Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот