Почина музичарот Роби Робертсон од групата „Д бенд“
Гитаристот, текстописец и пејач Роби Робертсон почина на 80-годишна возраст, по долго боледување, пишува „Варајети“.
Препорачано
„Роби беше опкружен со семејството во моментот на неговото заминување, вклучувајќи ја неговата сопруга Џенет, поранешната сопруга Доминик, нејзиниот партнер Николас и децата Александра, Себастијан, Делфин и партнерот на Делфин, Кени. Зад себе ги остави и внуците Анџелика, Донован, Доминик, Габриел и Серафина“, се вели во соопштението.
Робертсон неодамна го заврши својот четиринаесетти филмски проект „Killers of the Flower Moon“, напиша неговиот менаџер во соопштението.
Роби Робертсон беше најпознат по неговата работа со групата „Д Бенд“.
Професионалната музичка кариера ја започнал уште на многу рана возраст. За време на неговите рани години, тој работел со Боб Дилан, и токму во тоа време го формираше „Д Бенд“ со некои колеги музичари. Нивниот дебитантски студиски албум беше „Music From Big Pink“ кој беше успешен.
За време на неговото членување во групата, Робертсон напиша неколку песни, како што се „The Weight“, „Up on Cripple Creek“ и „Broken Arrow“.
По распадот на бендот, Робертсон ја започна својата солистичка кариера, а се испроба и во актерството. Неговата прва улога беше во драмскиот филм Карни. Бил и продуцент, коавтор и композитор.


