Марша Лукас / Фото: Frazer Harrison / Getty images / Profimedia

Почина оскаровката и монтажерка на „Војна на ѕвездите“ Марша Лукас — ја одбележа ерата на Новиот Холивуд

Марша Лукас, добитничка на Оскар и монтажерка на филмот „Војна на ѕвездите“ од 1977 година, почина на 80-годишна возраст по борба со ракот. Веста ја потврди нејзината адвокатка Деидре фон Рок, пренесуваат странските медиуми.

Лукас беше една од најважните монтажерки на ерата на Новиот Холивуд, а нејзината работа обележа голем број филмови од 1970-тите и 1980-тите.

Покрај тоа што освои Оскар за монтажа на оригиналниот „Војна на ѕвездите“, таа работеше и на филмовите „Враќањето на џедаите“ и „Американски графити“, во режија на Џорџ Лукас. Таа беше дел и од тимот за монтажа на филмовите на Мартин Скорсезе „Таксист“, „Алис повеќе не живее тука“ и „Њујорк, Њујорк“. Таа често е опишувана и како „неопеан херој“ на „Војна на ѕвездите“.

Родена е како Марша Грифин во Модесто. По разводот на нејзините родители, се преселила со мајка си во Лос Анџелес, каде што почнала да работи како филмска библиотекарка, а потоа како уредничка на реклами, трејлери и промотивни филмови. Беше во брак со Џорџ Лукас од 1969 до 1983 година. Зад себе ги оставила ќерките Аманда Лукас и Ејми Сопер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот