Почина имамот што беше ранет пред џамија во Њу Џерси

Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Имамот Хасан Шариф, кој беше тешко ранет во средата кога беше застрелан пред џамија во Њуарк, Њу Џерси, почина, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Шариф работи како службеник за транспортна безбедност (TSO) на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти од 2006 година, се вели во соопштението на Управата за безбедност на транспортот.

Директорот за јавна безбедност на Њуарк, Фриц Фраз, претходно изјави дека пукањето се случило околу 6:15 часот по локално време пред џамијата.

Имамот е пренесен во болница во тешка состојба, соопшти полицијата.

Мотивот за пукањето се уште не е познат, според Одделот за јавна безбедност во Њуарк, а истрагата е покрената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот