Почина градежник од кумановско, паднал од покрив на куќа

Градежни работници лето
Илустративна фотографија на градежни работници / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

51-годишен градежен работник од кумановското село Облавце починал откако паднал од покривот на куќа на која работел, соопшти полицијата.

„На 23.11. 2021 во 14.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на покривот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото. Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт“, се вели во полицискиот билтен.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот