Почина фронтменот на српската група „Алиса“, по долго и тешко боледување
Фронтменот на српскиот бенд „Алиса“, Мирослав Живановиќ – Пиле почина вчера, а неговиот брат ја сподели тажната вест на социјалните мрежи. Тој починал по долга и тешка болест, јави Здружението на џез, забавна и рок музика на Србија.
Препорачано
И тапанарот на бендот Предраг Пеѓа Цветковиќ ја сподели веста за смртта на Пиле на својот профил на Фејсбук.
– Драги пријатели, Со голема тага ве известувам дека денеска почина мојот пријател, брат и водач на нашиот бенд „Алиса“, Мирослав Живановиќ – Пиле. Почивај во мир пријателе со твојот ангелски глас, достоен за небескиот свод – напишал во објавата.
Пиле ја основа својата музичка група во осумдесеттите години, а веќе во раните деведесетти бендот се распадна.
Второто големо враќање се случи во 2000 година со песната што го носи името на нивната група – „Алиса“. Публиката ги памети и по големиот хит „По девет години“ што го снимија со Лепа Брена.
За својата работа добија голем број признанија и награди, а на пошироката јавност позната и се по хитовите „Сања“, „Кестен“, „После девет година“, „Дали си чула песму уморних славуја?“…


