Почина Душан Туџаров, генералниот директор на „Реплек“

Вчера во Скопје почина генералниот директор и претстедател на Управен одбор на „Реплек“, Душан Туџаров.

Според информациите,погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

Извршувал повеќе функции меѓу кои комерцијален директор во Алкалоид Скопје, советник на генерален директор на „Крка“, а од 1978 до 2019 година беше генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Реплек“.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот