Почина Дејвид Проус, глумецот кој го отелотвори Дарт Вејдер, негативецот од „Војна на ѕвездите“
Во 85-та година од животот почина англискиот глумец Дејвид Проус, познат по улогата на Дарт Вејдер во „Војна на ѕвездите“.
Препорачано

Иако целата улога на еден од најголемите негативци во историјата на филмот ја одигра со познатата црна кацига и маска на главата, Проус стана икона на обожавателите на трилогијата.

За него е снимен документарецот „I am your father“, наречен по прочуената реченица што ја изговара Дарт Вејдер.

Проус бил во кавга со „LucasFilm“, компанијата која ја основал творецот на серијалот Џорџ Лукас.
Дури му било забрането да доаѓа на конвенциите на кои се собирале обожавателите на „Војна на ѕвездите“.

Во младоста Вејдер бил британски шампион во дигање тегови, а Лукас го забележал корпулентниот Проус во „Пеколниот портокал“ на Кјубрик. Проус му бил тренер на Кристофер Рив кога тој се подготвувал за улогата на Супермен.
Darth Vader actor David Prowse has passed away at the age of 85 pic.twitter.com/G7a2UJI9ts
— Culture Crave ? (@CultureCrave) November 29, 2020


