Почина Бурт Јанг, ѕвездата на „Rocky“

Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Почина Бурт Јанг, актерот најпознат по неговата номинација за Оскар за улогата на Поли Пенино, помошникот на Силвестер Сталоне во филмот „Rocky“. Тој имаше 83 години.

Веста ја потврди во средата од неговата ќерка, Ен Мореа Штаингизер, пишува „Њујорк пост“.

Извонредната улога на Јанг како Поли Пенино во „Rocky“, играјќи го најдобриот пријател на титуларниот боксер, во тоа време го впиша во листата на ветеранските филмски актери.

„Јас бев единствениот актер што не учествуваше на аудицијата за првиот дел на „Rocky. И добив најмногу пари за тоа“, изјави тој за „Румпус“ во 2017 година.

Улогата од 1976 година во филмот на Сталоне му донесе номинација за Оскар за споредна улога.

„Го направив груб, но чувствителен човек“, рече г-дин Јанг подоцна за карактерот на Поли, улога што ја повтори уште пет пати во серијалот, последната во „Rocky Balboa“ во 2006 година.

Ликот на Поли почина во 2012 година, но неговиот значаен удел во франшизата останува.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„На мојот драг пријател, Бурт Јанг, ти беше неверојатен човек и уметник, мене и на светот ќе ми недостигаш многу… Почивај во мир“, напиша Сталоне во негова чест на Инстаграм.

Јанг имаше повеќе од 160 филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Chinatown“ и „Once Upon a Time in America“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот