Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Почесна артилериска стрелба по повод денот на независноста/Фото: МИА

Припадници на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата по повод Денот на независноста – 8 Септември, денеска од касарната „Илинден” во Скопје ќе извршат почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Претходно, како што најавија од Министерството за одбрана, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија

Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на државните празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот