По сообраќајката на преминот на пругата кај „Порцеланка” Градоначалникот на Чашка побара „МЖ“ да постави сигнализација

Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски информира дека по информацијата за несреќата кај патниот премин Порцеланка во Велес, каде возило моторна дрезина на ЈП МЖ Инфраструктура удри во патничко комбе веднаш дошол на настанот и првично на лице место видел 12 патници, од кои некои биле видно вознемирени.

-Бев во велешката болница во Велес и ги посетив повредените 10 возрасни и две деца на три и петгодишна возраст. Од првичните информации од лекарите кои ги прегледаа бев информиран дека се работи за полесни повреди. Среќа во несреќа е што не заврши со трагични последици. На повредените им посакувам брзо опоравување и побрзо да бидат со своите семејства, порача градоначалникот Стојановски.

Тој информира дека преминот на железничката пруга Велес – Битола се наоѓа на регионалниот пат кој води од Велес кон сите населени места во општина Чашка.

„Јас веќе контактирав со надлежните од „МЖ” и побарав тие да излезат на терен и колку се во можност поскоро да го обезбедат овој премин на пругата со сообраќајна сигнализација и вертикална и хоризонтална“, порача градоначалнникот Стојановски.

Тој појасни дека токму на овој премин секојденевно поминуваат голем број жители од сите населени места од општина Чашка кон Велес, бидејќи преминот се наоѓа на регинален пат.

Инаку, да потсетиме во изминатите години на овој премин се случиле голем број на вакви несреќи во кои животот го имаат загубено голем број на граѓани.

Десет патници повредени во судир на дресина на МЖ Инфраструктура и комбе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот