По Ременски и Јовановски побара изземање на Рускоска

Откако претходно тоа го стори Фросина Ременски, изземање на обвинителката Вилма Русковска од случајот „Меѓународен сојуз“ побара и обвинетиот Бојан Јовановски.

Ременски поднесе барање до Јовески за изземање на Рускоска од судењето за „Меѓународниот сојуз”

Јовановски ја обвини Русковска за селективно и тенденциозно постапување. Рече дека извршила кривично дело тортура поради начинот на кој се однесувала кон него, а спомена и дека треба да биде изземена бидејќи постапувала во „Рекет“ каде што, како што додаде, била селективна со Зоран Милески-Кичеец кој е на слобода заради политички цели.

Рускоска на ова изјави дека ЈО ќе одлучи дали таа треба да биде изземена од овој предмет. Следното рочиште е закажано за 21 јули.

Рускоска: Оставам ЈО да одлучи за моето изземање, очекувам да докажам дека обвинетите ги сториле делата коишто им се ставаат на товар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот