По пресметката со сопругот: Излегоа фотографии од славниот актер во болница кои ги шокираа сите (ФОТО)

Славниот актер Џони Деп и Амбер Херд поминаа само 15 месеци заедно во бурен брак, кој го заокружија со грозен развод и карање преку медиумите.

Да потсетиме, прво во јавноста излегоа фотографии од актерката Амбер со модринки по лицето и телото.

Таа тие фотографии ги приложи на суд како доказ дека нејзиниот поранешен сопруг емотивно, но и физички ја злоставувал. Тоа беше нејзиниот одговор на тужбата од страна на Џони Деп од 50 милиони долари за клевета.

Амбер непосредно пред разводот во 2016 година откри дека Џони често бил пијан и насилен, односно сосема поинаква личност од она што се претставил, а во негова одбрана застанаа и поранешните патнерки Ванеса Парадис и Винона Рајдер.

И штотуку помисливме дека поранешниот пар се смири со обвинувањата, во јавноста се појави фотографија од славниот актер снимена во една болница во Австралија во 2015 година на која тој е крвав по физичката пресметка со Амбер, а на десниот образ се гледа и рана од цигара.

Наводно темпераментната актерка тогаш го гаѓала Џони Деп со шише, му го повредила прстот, а потоа и му изгасила цигара од лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот