Премиерата на филмот во Скопје е закажана за 28 мај во киното „Синеплекс“

По премиерата во Кан, филмот „Горчлив Божиќ“ од Педро Алмодовар ќе има кино-премиера и кај нас

Шест години по филмот „Болка и слава“, прославениот шпански режисер Педро Алмодовар се враќа во главната натпреварувачка програма на Канскиот филмски фестивал со своето ново дело „Горчлив Божиќ“ (Amarga Navidad), кое ќе стигне до домашната публика по светската премиера во Кан. Премиерата на филмот во Скопје е закажана за 28 мај во киното „Синеплекс“.

По „Соседната соба“, неговиот прв долгометражен филм на англиски јазик, Алмодовар се враќа во Шпанија, во својот препознатлив авторски сензибилитет и во соработките со актери кои ја одбележале неговата филмска кариера.

Снимен во Мадрид и на живописниот остров Ланзароте, „Горчлив Божиќ“ собира исклучителна екипа предводена од Барбара Лени и Леонардо Сбарала, заедно со Аитан Санчез-Хихон, Милена Смит, Ким Гутиерез и една од музите на Алмодовар, Рози де Палма.

Во центарот на приказната е режисерката Елса, играна од Барбара Лени, жена која по смртта на нејзината мајка се обидува да ја потисне болката и празнината со целосно посветување на својата работа.

„Горчлив Божиќ“ веќе се најавува како едно од најинтимните и емоционално најсложените дела на Алмодовар во последните години, во кое познатиот режисер повторно ги спојува мелодрамата, хуморот, женските судбини и моќните визуелни симболи по кои стана препознатлив низ целиот свет, известија од МЦФ МКД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот