Пени/Фото: Pixabay

По повеќе од 200 години, производството на „центи“ завршува

Ковачницата на пари во САД престана да произведува „центи“ најмалата апоенска вредност во долари, за да заштеди пари и затоа што монетата што некогаш можеше да се користи за купување ужина или бомбони станува сè помалку корисна. Последните центи беа ковани во ковачницата на пари во Филаделфија, каде што се произведуваат најмалите монети во долари од 1793 година, само една година откако Конгресот на САД го донесе Законот за монети.

Службениците изјавија дека последните неколку центи ќе бидат продадени на аукција.

– Ќе им заштедиме на даночните обврзници 56 милиони долари – изјави пре

тставникот на американското Министерство за финансии Брендон Бич непосредно пред да го притисне копчето за да се коваат последните „центи“.

Овие монети остануваат законско средство за плаќање, но нема да се произведуваат нови.

– Ковањето на некои монети престана во 1857 година, како монетите од половина цент – рече Бич.

Претседателот Доналд Трамп нареди крај на „центите“ бидејќи трошоците за негово ковање се зголемија речиси четири пати од нејзината номинална вредност, а деноминацијата ретко се користи, иако милијарди од нив остануваат. Сепак, многу луѓе се носталгични за „центите“ верувајќи дека носат среќа или ги собираат за забава.

Некои трговци изразија загриженост бидејќи залихите на „центите“ се намалија во последните недели како што се приближуваше крајот на производството. Некои ги заокружуваа цените. Други ги замолија муштериите да ја донесат точната сума. Покреативните меѓу нив делеа награди, како бесплатни пијалаци, во замена за еден куп „центи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот