По јавната „пресметка“ со Горан Алачки, за „Слободен печат“ се огласи зетот Игор Димовски: „Хармониката останува во моја сопственост“
За проблемите во семејството Алачки дозна и јавноста кога по прозивката на хармоникашот и композитор Горан Алачки, упатена кон зетот, музичарот Игор Димовски, се „разгореа страстите“ и вистината за односите меѓу дедото и зетот испливаа на површина.
Препорачано
Целата драма се одвиваше на Фејсбук. Прво Горан Алачки го објави својот статус со кој го прозва својот зет, сопруг на неговата ќерка Грациела, а проговори и за својот син Благој, кој наместо да свири на хармониката Ремо Гуерини, таа чест денес ја има Игор Димовски, основач на проектот „Пауза за ракија“.

На статусот на Горан одговори неговиот зет, Игор Димовски, кој вчера на Фејсбук напиша:

„На Гранде Горан Алачки му е жал што оваа хармоника од Ремо Гуерини ја купил чесно Игор од Драчево. Не сум љубител на овој тип статуси но во име на вистината ред е мојата страна да ја кажам дури се исмејува некој на моја сметка. Да му беше жал и сакаше да ја чува и остане во фамилија не би требало да ја продава нели, не му дојде до тие пари колекционер на поршиња е. Оваа хармоника беше ставена на оглас од лицето на кој тој ја продаде пред многу години, а јас ја купив со пари исто како што би ја купил и Трајче од Конопиште. Не жали Горане јас ја купив оваа хармоника и ја вратив назад во фамилија, ќе остане на некои од твоите внуци, внуци кои пораснаа а сè уште не те ни знаат, не те знаат и запрашај зошто не те знаат. Со ова нарушуваш мој углед а исто и на сопственото дете, и ти свиреше по скопските меани песна систем не се роди на стадион и не туку глуми Мадона, на следна ваква провокација ќе ги објавам сити негови гадости! Една од поблагите гадостите е кога доживеав тешка сообраќајка и имав 5% шанси да преживеам и бев речиси удавен во река, а тој после неколку дена ми рече ете „Господ те казни“ а јас па за возврат пробав да го помирам со фамилијата, иако е блокиран од родена ќерка со години. Немојте да ме споменувате како зет на овој човек, овој човек мене ми дал занает и тоа точно но за тој занает моите родители јаделе леб и сол во тоа време и го плаќале моето школување и сум се доградил со музичка академија на крајот, и сум паѓал на испити само поради што сум бил „зет“ на Горан, овој човек мене не што не ми помогнал во животот само ми одмогнал со неговите превари и далавери …
Тие што ми пишувате главата горе, не се нервирај, не враќај не се спуштај на ниво и слично. Не сум воопшто нервозен, главата фала Богу горе ми е, а би морал да вратам баш поради тоа што и јас сум јавна личност и овие навреди и понижувања кон мене акумулираат повеќе од 10/15 години, ајде атер татко на жена, ајде атер фамилија, ама се си има граници. Не ме жалете добро се чувствувам иако не сум на Малдиви“
Со оглед на тоа дека Горан ја тргнал својата објава на Фејсбук, што наведе дека можеби во интерес на семејството „ги закопале воените секири“, го контактиравме Игор, кој за „Слободен печат“ кусо изјави:
„Сè што имам да кажам го има во мојот статус на Фејсбук“, и додаде дека хармониката останува во негова сопственот.


