По исказот на колешката Даниела Штајнфелд во Обвинителството во Белград: Актерот Бранислав Лечиќ обвинет за силување

Актерката Даниела Штајнфелд откри пред Вишото јавно обвинителство во Белград дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија (ДС), Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе порталот Нова.рс.

Штајнфелд пред неколку дена беше повикана во Вишото јавно обвинителство на покана на обвинителет за да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборуваше за своето трауматско искуство, за кое јавноста дозна пред неколку месеци во нејзиниот документарец, снимен во Америка, каде што моментално живее, соопшти нова.рс.

Како што дознава порталот, Штајнфелд открила дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криела од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, изјавувајќи дека тој ја напаствувал пред неколку години, додека таа работела на еден проект со него.

По сослушувањето на Штајнфелд, Обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде повикан да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.

– Не можам да коментирам толку чувствителна тема се додека не добијам покана од Обвинителството и не добијам црно на бело дека сум обвинет за такво нешто, изјави актерот Бранислав Лечиќ, по повод наводите на актерката Даниела Штајнфелд на Вишото јавно обвинителство дека е силувана од него, пренесува нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот