По инцидентот во Собранието, СДСМ очекува обвинителството да поднесе кривични пријави за Левица

Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар, реагираат од СДСМ преку соопштение по денешниот инцидент во Собранието.

„Поради разумот на мнозинството не дозволиме во македонското Собрание да се реализира смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос.

За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави.

На еден многу лош начин граѓаните видоа што значат сценаријата на Левица.

Ова што денеска го гледаат граѓаните е потврда на она што го говориме цело време.

Со Левица и нивниот коалициски партнер можни се само инциденти, насилства и хаос.

Односот на Левица кон институцијата Собрание е однос кон државата, денес компјутерот во Собрание утре народот.

СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица да успеат“, велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот