Италијанската инфлуенсерка Јулија Бурцева - Фото: Инстаграм

По естетска операција почина 38-годишна италијанска инфлуенсерка

Италијанската инфлуенсерка Јулија Бурцева почина по естетска операција што ја извршила во Москва. Таа имала 38 години, пишува „Пипл“.

Како што пренесува рускиот портал MSK1“, Бурцева на 4 јануари била подложена на хируршка интервенција во приватна клиника. Откако нејзината здравствена состојба нагло се влошила, била пренесена во болница, каде подоцна била прогласена за почината.

Московскиот истражен комитет отвори истрага поради сомнежи за можно несовесно лекување и немар.

„Во најкус можен рок ќе биде обезбедена целокупната службена и медицинска документација. Следуваат низа форензички вештачења, вклучувајќи и медицинско“, соопштија од истражните органи.

Јулија Бурцева последната објава на социјалните мрежи ја споделила токму на денот на операцијата. Таа објавила видео од кафуле во Москва со пораката: „Добро утро, Москва“.

По веста за нејзината смрт, бројни следбеници се простуваат од неа преку социјалните мрежи и упатуваат изрази на сочувство до нејзиниот сопруг Џузепе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот