По елиминацијата од СП: Тите повеќе не е селектор на Бразил

Тите ја напушти селекторската клупа на „кариоките“/фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Бразилскиот селектор Тите поднесе оставка по елиминацијата на неговата репрезентација во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

„Кариоките“ беа поразени од селекцијата на Хрватска која славеше на крајот во пенал серијата.

Ги водеше Бразилците од 2016 година, а оттогаш ги освои „Копа Америка“ во 2019, а годинава се промовираше во единствениот селектор кој ја водел националната селекција на два Мундијали по ред.

Не е познато кој ќе го наследи Тите на селекторската клупа на бразилската репрезентација.

Тите на клупски план беше тренер на голем број екипи, меѓу кои Коринтијанс, Гремио и Палмеираш како најпознати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот