24.8 C
Скопје

По две години матурскиот испит за гимназијалците и за стручните училишта ќе се разликува

Матурскиот испит да не биде ист за учениците во гимназиите, во стручните училишта и во уметничките училишта, е предлогот што произлезе од Средношколскиот сојуз, а за кој уште не се познати повеќе детали. Оваа идеја е во рамките на иницијативата за градење нов концепт за матурските испити во што учествуваат и претставници од Бирото за развој на образованието и од Државниот испитен центар. Според непотврдените сознанија, најдоцна за две години државната матура ќе се полага согласно новиот концепт на кој веќе се работи.

Довчерашниот лидер на Сојузот на средношколци и матурант Бленди Ходаи за „Слободен печат“ истакна оти многу матуранти не се согласувале со концептот на матура досега, па затоа ќе се создаде нов модел во соработка со МОН и со Светска Банка.

Денеска заврши вториот екстерен испит на средношколците во рамките на државната матура, за кој можеше да избира меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. За разлика од наставата на далечина која беше спроведена во текот на целата учебна година, овој испит се полага со физичко присуство на учениците, според ковид-протоколи.

Симптоматичен е податокот дека од вкупниот број пријавени кандидати за вториот екстерен испит, според податоците на Државниот испитен центар, тест по математика избрале одвај 1.529 кандидати. Како и во минатите години, повеќето се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13.452). Германски јазик полагале 140, француски јазик 32, а руски јазик 18 ученици.

Првиот екстерен испит – мајчин јазик, матурантите го полагаа на 5 јуни. Тој беше задолжителен за сите 15.294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година (македонски јазик и литература 10.848, албански јазик и литература 4.078 и турски јазик и литература 272). Од вкупно пријавените, 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 – со средно стручно образование и 261 ученик – од средно уметничко образование.

Резултатите од двата екстерни испита ќе бидат објавени на почетокот на јули, односно најдоцна 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Матурантите, пак, што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе имаат втора можност во сесијата во август – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар