Поранешниот вицеканцелар на Австрија, Ханц Кристијан Штрахе/ Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

По аферата „Ибица“ Штрахе се враќа во политиката: „Нема да ги оставам на цедило оние кои веруваа во мене“

Може да се падне, но потоа мора повторно да се стане. Ќе останам секогаш верен на себе и нема да ги оставан на цедило луѓето кои веруваат во мене, изјави Штрахе пред денешниот говор на Сојузот за Австрија.

Поранешниот лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО) и поранешен вицекандцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска се враќа на политичката сцена со говор на собирот на Сојуз за Австрија (ДАО).

ДАО е формирана кон крајот на минатата година од страна на поранешни функционери на ФПО, блиски соработници на Штрахе.

Според информации на австрискиот дневен весник „Естерајх” говорот на Штрахе ќе биде борбен.

– Може да се падне, но потоа мора повторно да се стане. Ќе останам секогаш верен на себе и нема да ги оставан на цедило луѓето кои веруваат во мене, изјави Штрахе пред денешниот говор на Сојузот за Австрија.

Штрахе во мај минатата година беше принуден да поднесе оставка од сите политички функции поради корупциската афера Ибица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот