По 13 години од бегство од подрум каде со години била ЗАРОБЕНА, Наташа Кампуш повторно доживува ХОРОР

Фото: Профимедиа

По осум години минати во заробеништво, Австријката Наташа Кампуш во 2016 година успеала да побегне од скриена просторија во подрум, каде заробена ја чувал маж по име Волфгагн Прикопил.

Од тогаш досега поминале 13 години, а таа на социјалните мрежи и натаму е изложена на критики, навреди, па дури и закани.

„Најмногу ме погоди тоа што зборуваат дека кога бев заробена всушност сум била на прошетка“, пишува Кампуш во книгата „Сајбер заводници. Дискриминација на интернет“, која денеска ќе се појави во продажба.

Таа ги опишува своите искуства и бара воведување построги казни за сајбер-мобинг.

Наташа Кампуш имала десет години кога била киднапирана додека одела на училиште. Волфганг Прикопил ја затворил во подрум, обезбеден со врати од сеф.

Осум години психички и физички ја малтертирал, а таа морала да му готви и чисти. Во текот на првата година таа ниту еднаш не излегла од својата темница, а потоа тој почнал да ја пушта барем во куќата.

Подоцна одела со него и до продавница и на прошетка, а еднаш дури ја однел и на скијање. Никогаш не барала помош од никого, бидејќи и се заканувал дека ќе ја убие и неа и тие луѓе.

Фото: Профимедиа

Во август 2006 година таа успеала да побегне. Имала само 18 години, а неколку часа подоцна киднаперот извршил самоубиство.

Во книгата, Кампуш открива дека ниту денеска не може да најде мир поради мобинг на интернет и предлага воведување на меѓународна интернет полиција, која веднаш би интервенирала во ситуации кога се крши одреден закон.

– Наместо со молчење да се трпат навредите на социјалните мрежи, жените би требало да ја информираат полицијата за тоа – смета Кампуш.

Таа открива дека критичарите најмногу и замеруваат затоа што во јавноста не се претставува како жртва.

„Тие гледаат дека се смеам и воопшто не ни помислуваат на тоа дека сум среќна што воопшто сум жива и уживам во слободата, токму поради сите оние лоши работи кои ги преживеав“, раскажуваа таа во книгата.

Фото: Профимедиа

Во едно интервју за магазинот „Бунте“, Кампуш истакнала дека на почетокот сметала дека на луѓето ќе им биде драго што се спасила од кошмарот, но наместо тоа таа наидела на многу навреди и лоши зборови.

– Не ни сонував дека ќе ме навредуваат, критикуваат и ќе бидат непријателски настроени кон мене. За жал, тоа редовно се случува. Омразата со која се соочувам на интернет е неприфатлива. Не знам зошто е тоа така. За мене кружат лаги, постојано нешто ми подметнуваат, а зад тоа стојат луѓе кои воопшто не ме познаваат – раскажала таа во споменатото интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот