ПМС: Поезија за невестите на Франкенштајн – Слободен печат
ЖенаМагазин

ПМС: Поезија за невестите на Франкенштајн

Во понеделник, читајте ја прозата, прегрната под насловот- циклус ПМС.

А вие, до каде сте со ПМС поезијата?

ПМС прозата, прочитајте ја во понеделник. Ама, ајде заедно да напишеме и поезија. Овојпат, темата е Телесна пренатрупаност. 

Телесна пренатрупаност

Разголи си го телото!

Јазиците удолу им свиснале

Зјаат: голи раменици

свлечени до гради.

Ококорени (машки) зеници

скаменети

врз две коленици

на вкрстени нозе млади.

Клонирани убавици.

Силикони,

ботокси,

сек(с)цирање,

Љубов во ракавици!

Лицитирање:

Колку даваш – толку кошта

Купено!

Продадено,

па препродадено.

Препорачано.

Испорачано

по брза пошта.

Тела долги,

широки, развлечени,

расклопени и расоблечени,

растопени, разголени, отворени –

претворени во кукли смешни.

Разноразни

тела празни!

Неспретни.

Фалични.

Грешни.

Со фарабрична маана:

штеп на отупеност.

О, кутар свету, кај ли не водиш?

Со ваква телесна пренатрупаност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close