Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ПМФЛ: Трите бода се единствена опција за лидерот Вардар против Тиквеш

Како што одминува времето и се приближува крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), така битката за титулата, но и онаа за опстанок станува сè поинтензивна и по неизвесна. Мечеви има уште малку, а оние кои што преостанаа треба да се добијат.

Лидерот Вардар не е во позиција да киксира повеќе. „Црвено-црните“ тоа пролетва веќе го направија, предноста која што ја имаа пред Шкендија се стопи и сега е само на еден бод. Токму затоа избраниците на тренерот Гоце Седлоски имаат императив на победа секогаш кога ќе излезат на терен.

Денеска на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар од 16.00 часот ќе го пречекаат тимот на Тиквеш.

На последните два меча одиграни помеѓу овие две екипи, Вардар победи со 3:1 токму на нашиот најголем стадион, а претходно тоа го стори и во Кавадарци 1:2.

Последен пат кога Тиквеш имаше позитива беше на 13 април 2025 година кога во Скопје одигра 2:2. Закариќ и Сенхор беа стрелци за Вардар, додека Садик и Мишов погодија за кавадаречкиот клуб.

Во пресрет на овој натпревар Вардар е лидер на табелата со 68 бода, пред второпласираната Шкендија со 67, додека Тиквеш е петти со 40. Својот меч од ова коло Шкендија ќе го има в понеделник од 16.00 часот против Башкими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот