Фото: Брера Струмица/Brera

ПМФЛ: АП Брера посакува триумф на натпреварот против Работнички

Фудбалерите на АП Брера остварија екстремно важна победа во минатото коло на гостувањето во Струга, но тие бодови нема да значат премногу во трката да се избегне баражот, ако денеска не надополнат со нови три од дуелот со Работнички.

Младиот тим на Шефки Арифовски ја прекина низата лоши резултати, но сега треба да покаже и дека може во континуитет да игра на потребното ниво.

– Подготвени сме за ново надигрување. Ќе биде ова уште еден мошне тежок натпревар, затоа што и на Работнички трите бода многу му значат – стои во пораката која доаѓа од АП Брера.

Натпреварот меѓу АП Брера и Работнички ќе се игра од 16.00 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

АП Брера е моментно на деветтото место со 36 бодови, додека Работнички е на 11 позиција со 29.

Во истиот термин ќе се играат уште два мечеви: Арсими – Башкими и Македонија ЃП – Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот