Пливачите на Скопје освоија 20 медали на меѓународниот натпревар „Бања Лука Опен“

Сара Јанковиќ на меѓународниот пливачки натпревар „Бања Лука Опен“ запиша рекорди во дисциплините 50 и 100 метри градно.
На 50 метри градно имаше време од 34,28 секунди за нов кадетски, младински и сениорски рекорд, а на 100 метри градно нејзиниот резултат е 01:16,06 мин. за нов кадетски и младински рекорд.
Освои прво место во 50 градно квалификации, а второ место во финалето, „златна“ беше на 100 метри во квалификациите и во финалето. Потоа второпласирана на 400 метри слободно, како и на 1500 метри апсолутна категорија.
Во продолжение успесите и резултатите на останатите натпреварувачи на ПК Скопје во Бања Лука, Босна и Херцеговина:
Петар Атанасовски
400м слободно 2 место
Марко Ѓузиќ
400м мешано 3 место
Катја Танаскоска
200м грбно 3 место
Димитар Бошнаков
400м слободно 3 место
Борјан Давковски
200м градно 3 место
Емил Суботиќ
400м мешано 1 место
100м делфин 2 место
50м грбно 2 место
Давид Неделковски
100м делфин 1 место
200м делфин 1 место
Дарјан Андреев
100м делфин 1 место
200м делфин 2 место
50м делфин 3 место
Ведран Андреев
100м делфин 3 место