epa08749474 Croatia's Prime Minister Andrej Plenkovic

Пленковиќ за хрватските војници на Блискиот Исток: Остануваат таму каде што се

Премиерот Андреј Пленковиќ денеска ја коментираше за ситуацијата со хрватските граѓани на Блискиот Исток.

„Разговараме со сите потребни актери, Министерството е во секојдневна комуникација со амбасадата во Катар, генералниот конзул во Дубаи, амбасадорот во Кувајт… Се собираат информации за хрватските граѓани во некои од земјите од Заливот. Нашата намера е, за оние кои сакаат, да ги вратиме во нивната татковина. Оние кои живеат или работат таму ќе останат“, рече Пелнковиќ, објавија хрватските медиуми.

Тој уверува дека сите хрватски војници во кризните подрачја се безбедни.

„Тие ќе останат таму каде што се додека не се исполнат условите за нивно изнесување од земјата. Претседателот повторно комуницираше без консултации, но војниците остануваат таму каде што се додека не се исполнат условите за заминување.“

Откако хрватскиот премиер наброја сè што Владата прави на подрачјето на жупанија, тој се осврна на потенцијалното зголемување на цените на горивата.

„Владата веќе се докажа во кризи и ги заштити граѓаните. Ова е нова ситуација, но ние ќе го задржиме правото да го ограничиме растот на цените со цел повторно да ги заштитиме нашите сограѓани и економијата. Во моментов, зголемувањето е мало, но ја следиме ситуацијата. Штом почувствуваме дека цените би можеле да бидат значително повисоки, ќе интервенираме. Ќе процениме која ќе биде горната граница.“

Тој не исклучи ниту ново субвенционирање на енергетските извори, но не сакаше однапред да зборува за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот