Платформата X наскоро може да го продаде и вашиот профил

Социјалната мрежа X (порано Twitter) се подготвува да го претстави X Handle Marketplace, продавница на кориснички имиња (handles), исклучиво наменета за претплатници на пакетите Premium Plus и Premium Business. Оваа платформа ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат и да бараат неактивни сметки чии кориснички имиња повеќе не се во употреба. Продавницата ќе има две главни категории:

Приоритетни handles: Овие имиња ќе бидат достапни бесплатно и ќе вклучуваат целосни имиња, фрази или комбинации од букви и броеви и ретки handles: Оваа категорија вклучува ретки и барани имиња кои ќе бидат достапни само со надомест. Нивната цена, во зависност од популарноста и уникатноста на името, може да се движи од 2.500 долари до над милион долари. Оваа функција е дизајнирана како трајна услуга насочена кон привлекување повеќе претплатници. Кога корисникот ќе преземе ново корисничко име, старото ќе биде замрзнато, но компанијата размислува да обезбеди платена опција за пренасочување на старата сметка.

Исто така, постои значително ограничување: ако корисникот одлучи да ја откаже претплатата Premium, го губи новото корисничко име и профилот автоматски се враќа на старото. На овој начин, X се обидува да ги поврзе корисниците со модел на претплата и дополнително да го монетизира она што досега беше целосно бесплатно- пишува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот